Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУБИ: Анализата на пазарот покажа дека и кај нас ќе бидат ангажирани 70 отсто од работниците

ГРУБИ: Анализата на пазарот покажа дека и кај нас ќе бидат ангажирани 70 отсто од работниците

Според посебниот закон и договорот, конзорциумот Бехтел Енка е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, тврди првиот вицепремиер Артан Груби преку објава на фејсбук. 

„Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто.

Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70 отсто.

Строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони.

Уште еднаш да потсетам: Опозицијата, ВМРО и Левица, со блокадата на законите во Собранието ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време. На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите.

Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците“, се вели во објавата на Груби на фејсбук.


Слично

Поврзани вести