Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: 3 милиони евра за Град Скопје за патот Хасан Приштина

Груби: 3 милиони евра за Град Скопје за патот Хасан Приштина

Владата на денешната седница наменски додели 3 милиони евра, од вкупна вредност од 6 милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат „Качанички пат" во Визбегово, до скопската обиколница.

Ова го објави денеска на својот фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Договорот е постигнат во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот.

Како што информира Груби, последните административни подготовки се започнати во Владата и Министерството за транспорт, за, како што потенцира, да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот


Слично

Поврзани вести