Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците за еден ден вратија 700 милиони евра

Грците за еден ден вратија 700 милиони евра

Довербата се враќа во Грција заедно со банкарските депозити, откако Атина успеа да издејствува четиримесечно продолжение на програмот за помош.

Тоа го изјавил грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во интервју за Блумберг ТВ и навел дека после повеќе недели повлекување на средства од банките само, во вторник , ден после одобрувањето на продолжувањето на програмот, во грчките банки се депонирани 700 милиони евра, пренесува Франс прес.

Од почетокот на декември, кога се закажани изборите во Грција, од банките во таа земји се повлечени повеќе од 20 милијарди евра, наведува Блумберг.

Дефинитивното продолжување на програмот на меѓународната финансиска помош на Грција, после позитивните оценки на Еврогрупата, треба да го одобрат и параламентарните членки на Еврозоната, а утре ќе се изјасни и парламентот на Германија.

Ден пред гласањето во долниот дом на германскиот парламент, денеска во своевидно пробно гласање во германската владеачка партија, на конзервативката Ангела Меркел големо мнозинство го поддржале грчкиот прогрма на реформи и продолжување на финансиската помош на таа земја, пренсеува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести