Грците во понеделник повторно на штрајк
Нови протести се најавени за следната недела, по штрајкот на вработените во градскиот транспорт во Атина, објави денеска весникот Катимерини. Според најавите наредната недела ќе штрајкуваат лекари, медицински сестри и вработени во поморскиот сообраќај.
На 31 јануари лекари и останати вработени во државни болници ќе организираат 24-часовен штрајк заради плановите на владата за реорганизација во здравствениот сектор.
В петок на 1 февруари, синдикатот на државната администрација објави запирање на работата заради протести против реформите во здравството. Вработените во поморскиот сообраќај ќе организираат 48-часовен штрајк од четврток бидејќи сметаат дека плановите на владата во сферата на поморскиот сообраќај ќе предизвикаат загуба на работни места
Слично
