Грците во криза штедат и на леб
Според последните истражувањето на грчката федерација на производителите на леб, производството на 90 отсто од фурните во земјата е намалено за 36 проценти. Грците поради сиромаштијате почнаа да штедат на леб, посочуваат од Федерацијата.
Двајца од десет потрошувачи, кои учествувале во анкетата, изјавиле дека повеќе не купуваат леб, додека секој втор испитаник рекол дека повеќе сака да купува леб од фурна поради неговиот подобар квалитет.
Според последните прогнози, се очекува 3.000 од вкупно 14.000 фурни во Грција да бидат затворени, велат од федерацијата.
Слично
