Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците во криза, дел од нив едвај плаќаат сметки

Грците во криза, дел од нив едвај плаќаат сметки

Нашите јужни соседи се соочуваат со финансиски проблеми, а некои од нив едвај си ги плаќаат сметките.

Четворица од 10 Грци се борат да ги платат своите хипотеки или кирии и нивните сметки, а повеќе од половина од домаќинствата немаат пари да обезбедат хранлив оброк секој втор ден. Ова го покажа новото истражување на грчкиот Национален завод за статистика (ЕЛСТАТ). Едно домаќинство може да се категоризира со материјални проблеми ако исполнува најмалку четири од следните критериуми: тешкотии во исполнувањето на итни финансиска барања, неможноста да си дозволи одмор од најмалку една недела секоја година, неможност да обезбеди неговата исхрана да вклучува риба или месо барем секој втор ден, неможноста да плаќа греење кога е потребно, ако му недостасуваат основни апарати како машина за перење, телефон или телевизор во боја, неможност да ги отплати кредитите и да плати основни сметки. Лани 22,2 %  од грчкото население исполнувало најмалку четири од овие категории, во споредба со 21,5 “ во претходната година и 12,8% во 2005 година.  Во најсиромашните домаќинства, 87,1% се изјасниле дека не биле во можност да одат на одмор најмалку една недела секоја година, а во семејствата со средни примања таков одмор не можеле да си дозволат 44,8%. Од сиромашните граѓани  52,5% не биле во можност да купат месо или риба секој втор ден, а процентот е значително помал - 1,8 %, во домаќинствата со средни приходи. Вкупно 41% од домаќинствата изјавиле дека им е тешко плаќањето хипотеки или кирија, а кај сиромашните семејства овој процент изнесувал 64,7%. 
Слично

Поврзани вести