Грците си најдоа прибежиште во Бугарија
Бугарија стана спас за Грците, кои сакаат да ги избегнат високите даноци во татковината, пишува бугарски “Вести“, повикувајќи се на информации од грчките медиуми.
Грците во Бугарија регистрирале фантомски фирми, по што добиваат бугарски пасоши и ставаат бугарски регистарски таблички на нивните скапи лимузини, за да ги избегнат свирепите такси наметнати од властите во финансиските разорената татковина, пишува бугарскиот портал.
Според информациите, во Грција веќе имало 10.000 автомобили со бугарски регистарски таблички. На интернет се појавиле десетици огласи за помош при добивање на таблички, како и ценовник за таквите услуги.
Сообраќајот на автомобили на грчко-бугарската граница не се контролира, вели Димитрис Тримпонисас, претседател на Федерацијата на грчките царински службеници.
Тој повеќепати ги информирал своите претпоставени, но засега нема соодветна реакција.
-Во последните три години нашата федерација повеќепати ги информираше политичките лидери за избегнување данок во големи размери, шверц и незаконски увоз на автомобили, но ништо не се променило до сега.Ако состојбата не се промени, ќе треба да се постават цариници на Промахон, Орменион и Ексохи, за да го контролираме протокот на секаков вид на стоки меѓу двете земји“, вели Тримпониас.
Слично
