Грците се враќаат назад во времето и тргуваат со размена на производи
Грците се свртуваат кон стариот систем на трговија или ,,трампа” на производи, поради неликвидноста на земјата, односно недостатокот на парични валути.
Шест илјади нови корисници се регистрираа на онлајн сајтот за трговија ,,Tradenow” откако им беше наметната контролата на капиталот во јуни, објави Њујорк тајмс
"Во Грција има голем проблем со ликвидноста . Луѓето го бараат решението во оваа трговија бидејќи парите не се лесно достапни.", вели Тедорис Русос , грчки месар кој купил нов камион со размена на своето месо.
Уметнички дизајни се разменуваат за маслиново масло ,сметководство совети за канцелариски материјали итн.
Контролата на капиталот што беше наметната на грчките банки на 29 јуни, се уште трае.
Новата влада на Алексис Ципрас ќе треба да се соочи со овој предизвик, а знаци на оптимизам за грчата економија е новата финансиска помош од 25 билиони евра од партнерите во еврозоната, кои се наменети за рекапитализација на банките.
