Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ РЕКОА НЕ: Победа за Ципрас на референдумот

ГРЦИТЕ РЕКОА НЕ: Победа за Ципрас на референдумот
Првите неофицијални резултати по пребројани третина од гласовите на реферндумот во Грција покажуваат дека 52 отсто од Грците рекоа не за мерките за штедење. Според резултатите 48 отсто од гласачите биле за мерките. Со ова се потврдија анкетите кои покажуваа благо водство на приврзаниците на Ципрас. Тој ги повика Грците да гласаат против, а во деновите што следуваат ќе продолжат преговорите со европската унија, но овој пат Ципрас на своја страна ќе ги има резултатите од референдумот. Европските челници пред гласањето истакнуваа дека референдумот воедно е и за или против останување на Грција во евро зоната, но грчките авторитети велеа дека резултатот нема врска со тоа дали еврото ќе остане како валута во Грција. Во Атина, на плоштадот Синтагма веќе почна славјето.
Слично

Поврзани вести