Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ ОВОЈ ПАТ ОДЛУЧНИ: Не се согласуваат на мерките на ММФ

ГРЦИТЕ ОВОЈ ПАТ ОДЛУЧНИ: Не се согласуваат на мерките на ММФ

Официјална Атина нема да ги одобри вонредните мерки на штедење кои ММФ ги бара во случај Грција да не ги исполни буџетските цели предвидени со пакетот на помош.

Тоа го изјавил заменикот на грчкиот министер за одбрана Димитрис Вицас.

Тој, за приватна грчка телевизија, рекол дека вонредно кратење на потрошувачката не може да биде одобрено според грчкиот закон, што, како што оценил тој, ќе ја поткопа меѓународната доверба во Атина, пренесе АП.

Несогласувањата помеѓу грчките власти, ММФ и кредиторите од еврозоната, се, како што наведува АП, причина за повеќемесечно одложување на исплатата на наредната транша помош за Атина.

Грција се обврза на нова рунда мерки за штедење и достигнување на висок буџетски суфицит, како би се изборила со националниот долг кој оваа година би требало да достигне 183 одсто од БДП , наведува американската агенција.

Слично

Поврзани вести