Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците оптимисти за претстојната туристичка сезона

Грците оптимисти за претстојната туристичка сезона
Расте оптимизмот кај грчката Влада и хотелиерите за ова лето по падот од 5,5 отсто на бројот на туристи во туристичката сезона 2012 година. Грчкиот министер за туризам, Олга Кефалојани, нагласи дека грчкиот туризам кој е сериозен извор на средства на државата успеал да опстои и покрај лошата сезона како  резултат на социјалните немири и кризата во земјата. Таа рече дека се ангажирани да преземат иницијативи Грција да биде приоритетна светска дестинација, а како што вели претседателот на Унијата на хотелиери, Јоргос Цакирис првите цифри за 2013 година се добри. „Јас сум оптимист дека Владата, политичарите и општеството почнаа да разбираат дека туризмот е средство за ислез од кризата и придонесуваат за раст“, нагласи  Цакирис.
Слично

Поврзани вести