Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците на нозе против мерките за штедење

Грците на нозе против мерките за штедење

Грчките граѓани излегоа на улиците на Атина за да протестираат против планираните реформи на пензискиот и даночниот систем, за кои вечерва ќе се гласа во грчкиот парламент.

Според полициските проценки, 15.000 луѓе излегоа на маршот во Атина и Солун против мерките што ЕУ и ММФ бараат Грција да ги донесе, а пред утрешниот клучен состанок во Брисел на министрите за финансии од еврозоната.

Марш пред парламентот во Атина се одржа и вчера, во организација на синдикатот поврзан со Комунистичката партија на Грција.  Со нив се и голем број земјоделци, кои со месеци протестираат против планираните реформи.

За вечерва е планиран и протестен концерт против реформите на плоштадот Синтагма.

Сообраќајот е затворен во центарот на Атина, а има и големо присуство на полиција.

Слично

Поврзани вести