Грците ќе се соочат со нови болни мерки за штедење
Кастрење на пензиите и зголемување на даноците, се дел од мерките за штедење што вчера ги усвои грчкиот парламент.
Осум дена по гласањето за доверба на втората левичарска партија на премиерот Алексис Ципрас, донесени се нови болни мерки за штедење.
Ова е условот што Грција мора да го почитува, за да го добие и третиот пакет финанскиска помош од меѓународната заедница.
Со усвоениот закон се спроведуваат и пошироките мерки кои произлегуваат од договорот со меѓународните доверител.
Целата опозиција, од комунистите до неонацистите од Златна зора, гласаа против законот во целост.
Вчеравечерта пак, неколку илјади луѓе излегоа во центарот на Атина и протестираа против усвојувањето на строгите реформи.
Слично
