Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците ја урнаа цената на нафтата

Грците ја урнаа цената на нафтата

Цените на нафтата денес паднаа, пред викендот во текот на кој Грците на референдумот ќе одлучуваaт за тоа дали ги прифаќаат реформите кои од нив ги бараат кредиторите.

Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во август, поефтини на Њујоршката берза 21 цент на 56,72 долари, додека нафтата од типот „брент“ за августовската испорака во Лондон поефтини три центи на 62,04 долари.

Додека самата Грција и цела Европа го чекаат исходот од претстојниот референдум, агенцијата Мудис наведува дека референдумот претставува нов сериозен, ризик за приватни кредитори.

-Веруваме дека, без поддршка на меѓународните кредитори, Грција ќе банкротира врз основа на долгот во рацете на приватните кредитори, а  „НЕ“ на референдумот по своја прилика би го зголемил ризикот и од излегувањето од еврозоната, што би нанело големи загуби за кредиторите од приватниот сектор“, наведува агенцијата.

Слично

Поврзани вести