Грците изнеле 7 милијарди евра во април
Од почетокот на годината банкарските депозити во Грција се стопени за 15 проценти. Само во април 7 милијарди евра ја напуштиле земјата, соопштуваат странските медиуми.
Грците „кријат“ пари дури и во германски автомобили, пишува француското електронско издание „Спои“.
Интересно е дека заштедите кои ги влечат Грците се од средната класа. Најбогатите Грци одамна ги изнеле своите пари надвор од границата на Грција. Но средната класа не ги крие парите под душек, откако ги повлекла од банките, туку ги вложува во различни предмети, при тоа најмногу луксузни и дури германски произовди.
Продажбата на нови германски автомобили во Грција се зголемила за 47 проценти во април. Слично нешто се случило и во Русија минатата година, кога рубљата падна. Во Кипар во екот на банкарската криза пред две години беше забележан ист феномен. Иронично за Грците, Германија носи голем дел од одговорноста за економскиот и финансискиот колапс на нивната земја, но тоа не значи дека тие не ги гледаат најмоќните германски автомобили како исплатлива инвестиција.
Според европски извори за весникот, Ципрас упатил закана во писмо испратено на 8 мај до претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, управниот директор на ММФ Кристин Лагард и до претседателот на Европската централна банка Марио Драги.
