Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ БЕСНИ НА ЦИПРАС: Штрајкови ширум земјата, блокирани патишта, траектите не превезуваат!

ГРЦИТЕ БЕСНИ НА ЦИПРАС: Штрајкови ширум земјата, блокирани патишта, траектите не превезуваат!

Грчките новинари денеска се приклучија на штрајкот на адвокатите, лекарите, и другите работници против непопуларниот план за реформа на пензискиот систем.

Новинарите не објавуваат вести, новинските сајтови не качуваат нови информации, а утрешните весници нема да се печатат.

Критичарите укажуваат дека реформата ќе доведе до драстично намалување на платите, пренесоа светските медиуми.

Во штрај' се и превозниците на траекти, нотари и земјоделци.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторникот застана во одбрана на непопуларниот план за реформи на пензискиот систем, со ветување дека ќе избегне нови кратења, додека протестите против мерките кои од Грција ги бараат кредиторите се шират во земјата.

 
Слично

Поврзани вести