Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција заработила 15,5 милијарди евра приходи од туристите оваа година

Грција заработила 15,5 милијарди евра приходи од туристите оваа година

Покрај тешките месеци што ги преживеа, политичката нестабилност и бегалската криза во Грција има забележителни резултати во туризмот оваа година.

Туристичката 2015-а ќе заврши со 15,5 милијарди евра приходи и 26 милиони туристи за Грција.

Ова го соопшти заменик-министер задолжен за туризам, Елена Кундура. Таа додала дека државата е помеѓу десетте водечки туристички дестинации.

„Туризмот е столб на економскиот развој и социјалната кохезија на Грција“, изјавила Кундура.

Секторот сочинува околу 20 отсто од БДП на земјата и обезбедува еден милион работни места.

Слично

Поврзани вести