Грција: За два дена „побегнаа“ една милијарда евра
Одлив на депозитот од грчките банки премина над милјарда евра во минатите два дена, изјавија за Ројтерс извори од грчкиот банкарски сектор.
Одливот на депозитите во средата премина над 500 милиони евра, а истото така и во четвртокот, поради ставрот за иднината на Грција во еврозоната, недела дека пред истекот на програмата за меѓународно финансирање на Атина.
Со оглед на тоа дека Атина се уште не успеала да обезбеди нов договор за финансирање, во Грчката влада изразиле загриженост во пресрет на претстојниот викенд, со оглед дека во понеделник е државен празник, со кој се одбележува почетокот на Велигденскиот пост.
Кипар во текот на кризата од 2013 година за време на долгиот викенд воведе контрола на капиталот, а грчките штедачи стравуваат дека Грција ќе го стори истото.
Грчката влада, која дојде на власт благодарение на своето ветување за ставање крај на мерките за штедење и дека ќе ја прекине програмата за помош, негираше дека ќе се воведе контролата на капиталот.
Дел од Грците трансферираат средства во сефови или ги чуваат дома, додека други ги пренесуваат во странство, стравувајќи дека ќе бидат спречени од владата, како прв чекор кон излезот на Грција од еврозоната, во случај дека преговорите во Атина со меѓународните кредитори нема да успее.
Кипар во 2013 година ги затвори банките речиси две недели поради банкарска криза. Никозија остана членка на еврозоната, но некои контроли се сеуште на сила.
Европската централна банка вчера се зголеми обемот на Фондот за итни случаи на одржување на ликвидноста (ЕЛА) за дополнителни 3,3 милјарди евра, со што на грчките банки им е ставено на располагање вкупно 68,3 милјарди евра.
Повеќе средства во рамките на ЕЛА, над кои ЕЦБ има контрола, се од клучно значење за грчките банки, а во исто време им овозможува на Атина простор за маневрирање, додека се обидува да преговара со европските партнери на договор за враќање на грчкиот долг.
