Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција врати 200 милиони евра долг кон ММФ

Грција врати 200 милиони евра долг кон ММФ

Грција денес отплати камати вредни 200 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд, што е прва од двете транши на камати кои Атина треба да ги отплати до средината на месецот, соопшти грчкото Министерство за финансии.

Aтина успеала да ја отплати помалата камата од двете чија вкупна вредност достигнува речиси милијарда евра, и покрај неуспехот со меѓународните кредитори да постигне договор за реформите кои би ја отклучиле траншата на кредит со помош вредна 7,2 милијарди евра, наведува агенцијата Франс Прес.

Грчките претставници ги отфрлаат шпекулациите дека владата во Атина нема да собере доволно пари за да отплати 750 милиони евра камата на ММФ , кои на наплата завршуваат на  12 мај.

Извори од Атина рекле дека Грција планира во период од 8 до 15 мај со продажба на обврзници да собере околу 2,8 милијарди евра.

Повикувајќи се на „исклучително итните и непредвидливи потреби“ за парични средства, владата во Атина минатиот месец издаде декрет со кој од државните ентитети, како националната опера, националната галерија на уметност, па дури и болници и градинки, се бара своите парични резерви да ги префрлат во централната банка.

Процените се дека ваквите потези на државната каса би можеле да и донесат околу 2,5 милијарди евра.

Најновиот потег на грчките власти, е незабележан во историјата на таа земја, е последен показател дека официјална Атина набрзо останува без средства во време на преговори за економските реформи кои ќе ги задоволат меѓународните кредитори.

Меѓутоа, до постигнување на договорот со кредиторите, Атина останува без пристап до средства кои преостанале во рамки на пакетото помош од ЕУ и ММФ.

Слично

Поврзани вести