Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција во опасност-на пензиите им се заканува колапс!

Грција во опасност-на пензиите им се заканува колапс!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас застана во одбрана на непопуларниот план за реформа на пензискиот систем, со ветување дека ќе избегне нови кратења.

Ципрас на специјалната седница на парламентот рекол дека пензискиот систем на Грција се соочува со колапс доколку брзата корективна акција не биде преземена.

Тој истакнал дека со реформата нема да има нови намалувања на основицата на пензиите, кои во повеќе наврати се кратени од почетокот на финансиската криза во Грција.

Меѓународните кредитори, чии позајмувања ја одржуваат Грција од средината на 2010, бараат од оваа држава сеопфатна реформа на пензискиот систем.

Предложените промени ќе се водат од големите зголемувања на доприносите за социјално осигурување, што најмногу ќе ги погоди самостојните вработувања и земјоделци кои велат дека повеќе од три четвртини од нивните приходи заминуваат во пензиските фондови и даноци.

Конзервативниот опозиционен лидер Киријакос Мицотакис ја обвинил владата дека ги „жртвува идните генрации поради денешна популарност“ и го предупредил парламентот дека мерките ќе доведат до избегнување на данок и неплаќање на доприноси за социјално осигурување.

Синдикатите кои ги претставуваат групите на различни професии-адвокати, лекари, полиција и рибари-протестираат против реформата, додека земјоделците со повеќе од илјада трактори ги блокираат автопатиштата ширум Грција.

Вработените во грчките државни болници накратко се судрија во втрникот со полицјата пред министерството за финансии во Атина, а илјадници работници учествувале во два мирни марша синоќа до зградата на парламентот, во организација на синдикатите на државните чиновници и една комунистичка организација.

Земјоделските здруженија во централна Грција гласале за интензивирање на штрајкот со секојдневна блокада на автопатиштата и пристаништата по четири часа, а здруженијатра во јужна и северна Грција размислуваат за слична акција.

Одгледувачите на цвеќиња го запреле сообраќајот на една наплатна рампа северно од Атина, а инжинерите во Солун употребиле гипсени плочи за да го блокираат влезот во зградата на еден пензиски фонд.

Слично

Поврзани вести