Грција во лов на руски инвеститори, се отстрануваат бирократските пречки
Грчката владина делегација претставила пред Русија 10 големи инвестициски проекти, а на руските претставници им биле наведени и условите за работа на идните инвеститори, соопшти вчера портпаролот на грчката влада Симос Кедикоглу.
Според Кедикоглу, инвеститорите ќе го избегнат „бирократски кошмар".
„Постојат голем број на приватни инвестициски програми во рамките на агенцијата „Invest in Greece“. Претставивме 10 проекти, избрани од различни области - туризам, здравство, фармација, преработка на отпад, обновливи извори на енергија и на потенцијалните инвеститори им објаснивме декаГрција ги заштитува интересите на инвеститорите", рече тој.
Според него, рускиот бизнис бил заинтересиран за предлогот за соработка во областа на фармацијата, а бил даден предлог и за проектот за производство на прехранбени производи и пијалаци.
„Што се однесува до храната, тогаш тука најдобрата реклама ја прават руските туристи кои веќе имаат дојдено во Грција", истакна пред медиумите Кедикоглу.
Тој соопшти дека грчките власти ја забрзале постапката за издавање на документи и се отстраниле бирократски препреки.
„Сега лиценцирањето е овозможено во една служба, а рокот на издавање на лиценцата е ограничен на најмногу 60 дена. Ако инвестицијата е за сума над 50 милиони евра, тогаш Владата е подготвена буквално да води инвеститорот за рака до моментот на завршувањето на реализацијата на инвестицискиот проект. Прекинаа бирократските кошмарите од минатото ", категоричен е владиниот портпарол.
Тој посочи и дека Грција смета дека компанијата Руска железница може да учествува во приватизацијата на грчките железници и во креирањето на современ транспорт во земјата, во кој би можеле да поминат сите товари кои пристигнуваат од кај Суецкиот канал.
„Замислете си само пример модерна железничка мрежа, поврзана со пристаништето, да речеме, во Солун. Ова може да се претвори во врата за сите стоки кои пристигнуваат од Азија преку Суецкиот канал, а оттука тие можат да бидат доставени преку железнички превоз во Европа ", појасни Кедикоглу.
Руски компании биле заинтересирани и за приватизацијата на други претпријатија, како грчката нафтена компанија „Hellenic Petroleum“, централата на грчката електрична компанија „DEI“, за регионалните аеродроми и пристаништата.
Слично
