Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција влегува во спирала со избори без крај?

Грција влегува во спирала со избори без крај?

Во септември Грците ќе излезат на гласање, за да го дадат својот глас во петтите парламентарни избори за последните шест години. И тоа едвај ќе биде крај, смета еден од лидерите на опозициската партија "Потами" во моментов - поранешниот новинар Ставрос Теодоракис.

Според него, категоричното одбивање на Алексис Ципрас да управува по изборите во коалиција со некоја од партиите "Нова демократија", "Потами" или ПАСОК, сметајќи ги за носители на старото, ќе го отежни формирањето на новата влада, посочуваат "Катимерини" и Bloomberg.

"Ризикот доаѓа од тоа дека ако СИРИЗА не земе апсолутно мнозинство во парламентот и ако не успее да ги привлече сојузниците кои ги сака, ќе има нови избори во ноември или декември", прогнозира Теодоракис. Алексис Ципрас, кој поднесе оставка на 20-ти август, ужива висока популарност, но избирачите му се разочарани од непочитување на ветувањата за крај на годините на ограничувања. Наместо тоа, тој потпиша трета програма, која треба да ја спаси економијата на земјата.

Поради ризикот од распишување на парламентарни избори на секои три или шест месеци политичките партии треба да се обединат и да донесуваат важни одлуки, вели уште Теодоракис, кој ја создаде својата партија "Потами" дури во минатата година. На изборите во крајот на јануари поранешниот новинар собра малку над 6% од гласовите на Грците и доби 17 пратеници во 300-члениот грчки Парламент.

"Потами", заедно со конзервативците од "Нова демократија" и партијата на ПАСОК, го поддржаа потпишувањето на договорот со доверителите и така го надминаа ризикот договорот да биде одбиен поради оформената внатрешна опозиција на Ципрас во СИРИЗА.

Теодоракис е категоричен дека има принципиелни разлики со поднесување оставка на премиер, но Грците се оние кои ќе одлучат кој ќе управува со земјата и ако резултатите од изборите се такви што ги принудуваат партиите да формираат коалиција со учество на СИРИЗА, "Потами" е подготвена на компромис.

Во меѓувреме последното социолошко истражување на ProRata, цитирано од "Катимерини", покажува дека СИРИЗА ќе биде прва политичка сила и по предвремените избори во септември. Коалицијата сепак ќе има 23% проценти од гласовите (наспроти 36,5% во јануари). Втората партија ќе биде "Нова демократија" со 16% од гласовите на Грците. Опозициската партија исто така губи значителен дел од своите гласачи - на почетокот на годината таа доби 27,8% од гласачките ливчиња.

За прв пат во истражувањата се појавува и новата формација на Панајотис Лафазанис - "Национално единство", која ќе добие 3,5% од гласовите на Грците, ако изборите се одржуваа денес.

Над 25% од Грците уште не одлучиле за кого да гласаат, што укажува на интересна предизборна кампања.

64% од Грците не ја одобруваат одлуката на Алексис Ципрас да оди на предвремени избори. За останување во еврозоната се искжуваат 68%, покажуваат уште податоците од истражувањето.

Слично

Поврзани вести