Грција вети дека ќе плаќа „до бескрај“, експертите се плашат од нови избори и договор со Русија
„Грција има намера да ги извршува обврските кон сите свои кредитори до бескрај“.
По неформалниот состанок во Вашингтон со директорката на ММФ Кристин Лагард грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис се обиде да смири уште еден бран на стравови дека ќе банкротира и ќе падне еврото. Не беше јасно дали тој ја користи латинската фраза „ad infinitum“ саркастично, или едноставно ги помеша термините.
Лагард сепак со олеснување соопшти дека е задоволна од ветувањето дека ММФ ќе ги добие од Атина 460-те милиони евра од кредитот, чиј рок на достасување е во четврток.
„Враќањето на овој кредит е во интерес на Грција“, изјавила Лагард.
Варуфакис, кој синоќа соопшти во Министерството за финансии на САД, дека преговорите со кредиторите ќе продолжат до постигнувањето на „чесен договор“. Целта била тоа да биде што е можно побрзо, односно до следната средба на еврогрупата на 24 април, но „СИРИЗА“ нема да прифати услови за задушување на грчката економија. Самиот Варуфакис не мисли дека треба да си поднесе оставка.
Одолжените преговори ги прави нервозни во партијата „СИРИЗА“, посочил Варуфакис за „Гардијан“. И цитира дека европратеникот Костас Хрисогонос се плаши од предвремени избори, ако евентуалното договорот не им се допадне на тврдокорните струи во партијата.
„Договорот со Русија ќе ни помогне во преговорите со западните кредитори кои не сметаат за колонија“, изјавил министерот за енергија, Панајотис Лафазанис пред посетата на премиерот Ципрас во Москва утре.
