Грција увезла 111 тони коњско месо
Грција во периодот 2011 - 2012 година увезла 111 тони коњско месо, покажуваат податоците на Националната статистичка служба, соопштува електронското издание „Њуз ин“.
Овие податоци денеска беа претставени во парламентот.
Во 2012 година земјата увезла 34,3 тони месо од коњи од Бугарија. Исто така земји на потекло на коњското месо се Романија и Шпанија.
Во исто време првите резултати од ДНК анализите, направени во 11 земји членки на Европската унија, покажуваат дека во Грција и во Франција има најмногу случаи на производи со говедско месо во кои се откриваат примеси на коњско.
Скандалот со коњското месо во Европа ја урна довербата во определени сектори на прехранбената индустрија, се одрази врз продажбата на полуфабрикати и ја зголеми побарувачката по биопроизводи.
