Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција утре ја плаќа последната рата од долгот на ММФ, и тоа во кеш!

Грција утре ја плаќа последната рата од долгот на ММФ, и тоа во кеш!

„Грција има доволно готовина да ја отплати последната рата на кредитот од 350 милиони евра на ММФ“, рекол претставник на владата во Брисел каде грчкиот премиер Алексис Ципрас присуствувал на самитот на ЕУ.

-Ние ќе платиме, имаме доволно пари да му платиме на ММФ утре, рекол за Ројтерс претставник на владата, откако заменик премиерот Јанис Драгасакис кажал во ТВ емисија дека Атина била соочена со проблемот на ликвидност.

Ципрас вечерва треба да се состане со лидерите на Германија, Франција и претставниците на главните институции на еврозоната, како со нив би разговарал за должничката криза на Грција и како таа да се надмине со готовина.

Слично

Поврзани вести