Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција треба да скрати уште 25.000 работни места во јавниот сектор

Грција треба да скрати уште 25.000 работни места во јавниот сектор
Претставниците на меѓународните кредитори синоќа во Атина се сретнаа со грчкиот министер за административна реформа Антонис Манитакис, со кого разговараа за реформи во јавниот сектор, но и за намалување на бројот на државните службеници.

Повикувајќи се на свои извори, весникот „Катимерини“ пишува дека претставниците на тројката не извришле директен притисок врз Владата за ова прашање, но ги потсетиле грчките функционери на обврските на земјата од договорите аз помош, според кои повеќето од 25.000 државни службеници кои ќе бидат ставени во програмата за „резерва“ до крајот на годината, кога тогаш ќе мора си заминат од државниот сектор.

За ова прашање во повеќе детали повторно ќе биде разговарано на нова средба меѓу двете страни, која најверојатно ќе се одржи кон крајот на оваа недела.

Иако ја отфрли можноста за отпуштања, Манитакис неодамна укажа дека ќе повлече линија.

„Ние сме и ќе бидеме доследни во исполнувањето на сите обврски што сме ги презеле и кои сме ги потпишале“, рече тој.

Слично

Поврзани вести