Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА СО УЛТИМАТУМ: Земјите од ЕУ да не ги затвораат границите, инаку вето за Британија!

ГРЦИЈА СО УЛТИМАТУМ: Земјите од ЕУ да не ги затвораат границите, инаку вето за Британија!

Грција инсистира границите на земјите членки на Европската унија да останат отворени за бегалци до 6 март, во спротивно нема да го прифати договорот Британија да остане во Заедницата, пренесе АФП, повикувајќи се на владин извор.

„Ние побаравме едногласна одлука до 6 март ниту една држава да не ја затвори границата еднострано ... ако (одлуката) не биде донесена, грчката влада нема да го одобри завршниот текст“, додаде изворот.

Позициите на Грците беа презентирани за време на дводневниот самит на ЕУ во Брисел.

Минатата недела ЕУ и даде на Грција рок од три месеци да го подобри обезбедувањето на границата, во спротивно ќе биде отстранета од Шенген зоната на две години.

Австрија изјави дека ќе прифати до 80 бегалци на ден и ќе дозволи во земјата да поминат до 3200 мигранти на деноноќие. Грците сметаат дека ако Австрија ја затвори границата за бегалци, ќе има домино ефект кон нив.

Малку подоцна портпаролот на грчката Влада, изјави за БиБиСи дека грчкиот премиер Алексис Ципрас бара поддршка од британскиот премиер Дејвид Камерон по миграциските прашања, но отфрли дека грчкиот лидер се заканувал со вето.

Портпаролот додаде дека ако Ципрас треба да биде поддршка на Камерон ќе сака соработка во миграционите прашања.

Слично

Поврзани вести