Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција се согласи да плати дел од обврските кон ММФ

Грција се согласи да плати дел од обврските кон ММФ

Грција се согласи да исплати дел од своите обврски кон Меѓународниот монетарен фонд до 9 април, изјави извршниот директор на ММФ Кристин Лагард по средбата со грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

„Варуфакис и јас разменивме мислења за актуелните настани и двајцата се согласивме дека ефективната соработка е во наш интерес. Ние забележавме дека е задржана неопределеноста во интерес на Грција и јас го поздравувам потврдувањето на министерот дека исплатата на дел од долгот ќе биде спроведена на 9 април“, изјавила Лагард.

Атина треба да плати 460 милиони евра за надворешниот долг.

Лагард и Варуфакис одржаа неформален разговор за грчката програма за реформи, од која зависи доделувањето на нова финансиска помош од страна на Фондот.

Слично

Поврзани вести