Грција се раздолжи кон ММФ, плати 445 милиони евра
Грчката влада денеска издаде налог да се плати ратата од долгот, а исплатата е обработена и завршена, изјавил претставник од Министерството за финансии кој сака да остане анонимен.
Атина од земјите од ЕУ и ММФ доби помош од 240 милијарди евра како би избегнала банкрот.
Меѓународната заедница се сомневаше дека Атина ќе биде во состојба денес да го врати долгот, што предивикало стравови дека Грција ќе потоне во неликвидност и дека потоа ќе мора да ја напушти еврозоната.
Грчки претставници оваа недела уверуваа дека ќе ја отплатат ратата од долгот, како и дека ќе ги исполнат сите други финансиски обврски, вклучувајќи и исплата на плати и пензии.
Атина од август не примила никаква парична помош, а властите се надеваат дека наското ќе ја добие последната транша кредит од 7,2 милијради евра и дека одлуката за тоа би можела да биде донесена на состанокот на министрите од земјите на еврозоната на 24 април во Летонија.
Атина во февруари успеа да дојде до четиримесечно продолжение на пакетот кредитна поддршка , под услов да спроведе економски реформи.
Слично
