Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција се предаде, ама Германците и кажаа „НЕ“

Грција се предаде, ама Германците и кажаа „НЕ“

Иако новите грчки лидери попуштија и побараа продолжување на програмот на помош со надзор на „тројката“, што наиде на одобрување од ЕУ, Германија рекла „НЕ“.

Во моментот во кој портпаролот на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вели дека „писмото на Грција е позитивен сигнал, кој би можел тргне по патот на разумен компромис во интерес на стабилноста на целата еврозона“, од Германија стига остар одговор во кој се оценува дека предлогот на Атина „не е нешто што води до суштинско решение“.

Како што пренесуваат светските медиуми, Берлин нема да одговори позитивно на барањето на Грција со образложение дека нивниот програм нема „доволна потпора за да се одобри краткорочното премостување на отплатата на долгот“.

„Писмото на Атина не е предлог кој би довел до суштинско решение. Во својата суштина нивниот предлог оди кон премостување на долгот, но без исполнување на обврските предвидени со програмот за помош. Писмото не е во согласност со критериумите кои еврогрупата ги договорила во понеделникот“, наведува портпаролот на германското министерство за финасии Мартин Јегер.

Во светло на конфликтните изјави од Брисел и Берлин, прашање е како останатите влијателни членки на ЕУ до крајот на денот ќе се постават кон предлогот на Грција.

Да се потсетиме, дека агенцијата Блумберг во почетокот на месецот оцени дека германската канцелака Ангела Меркел е „подготвена на игра на чекање“.

Слично

Поврзани вести