Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА: Се поголем број на мигранти после неуспешниот пуч во Турција

ГРЦИЈА: Се поголем број на мигранти после неуспешниот пуч во Турција

Доаѓањето на мигранти на грчките острови кое речиси престана после спогодбата на ЕУ и Турција расте од неуспешниот државен удар во Турција, соопшти грчката влада.

После потпишувањето на спогодбата ЕУ-Турција на 20 март оваа година, на грчките острови просечно доаѓале до 30 мигранти дневно, но после пропаднатиот пуч од 15 јули, просечно стигнуваат по 90 мигранти дневно, „што сепак не предизвикува загриженост“, изјавил за Франс прес извор близок до грчката влада.

Истиот извор додал дека тој благ пораст на миграција не е како минатата година кога во Грција од Турција стигнувале по неколку стотици бегалци дневно на патот кон Западна Европа.

„Внимателно ја следиме ситуацијата и остануваме во приправност...Тој пораст можеби е привремен и не треба да предзивика паника“, додал тој извор.

Некои експерти стравуваат дека вонредната состојба воведена во Турција и чистка во нејзината војска, медиуми, и државна управа, би можеле негативно да влијаат на примената на спогодбата на Анкара со ЕУ.

Грчките извори наведуваат дека три дена после неуспешниот пуч група од седум турски набљудувачи е пратена на грчките острови за надгледување на спогодбата, вратена во Турција „од бирократски причини“ и дека никој не ги заменил.

Според договорот на ЕУ-Турција, мигрантите кои стигнат во Грција се враќаат во Турција, ако им е одбиено барањето за азил. Досега во Турција се вратени помалку од 500 мигранти. Повеќето бараат азил во Грција за да не би биле вратени во Турција, а разгледувањето за азил трае долго.

Околу 57 000 бегалци се блокирани во Грција од март кога почнала примената на спогодбата ЕУ-Турција, од тогаш стигнале уште 9200.

Слично

Поврзани вести