Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција: Сами ќе си ги чуваме своите граници

Грција: Сами ќе си ги чуваме своите граници

Грција изјави дека сама ќе ги брани копнените граници со Македонија и Албанија, а „ФРОНТЕКС“ ќе помага само со регистрацијата на бегалците.

Ова го изјавил грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, истакнувајќи дека одлуката за тоа е донесена на самитот за миграцијата во Брисел.

Министерот, исто така, изјавил дека грчката страна го отфрлила предлогот за заедничка заштита на нејзините копнени граници со ЕУ.

„Конечно беше одлучено дека заштитата на границите е во надлежност на грчките власти и Грција сама ќе ги брани“, додал Музалас.

Слично

Поврзани вести