Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција предупреди за нова ескалација на бегалската криза

Грција предупреди за нова ескалација на бегалската криза

Властите во Грција предупредија за долгорочно продлабочување на бегалската криза во Егејското Море по неуспешниот обид за преврат во Турција.

Весникот „Етнос“ наведува дека бројот на мигрантите во источниот дел на Егејското Море се зголеми за 76% во споредба со претходните месеци по настаните од 15 јули.

Според изданието ситуацијата во земјата е тешка, најмногу поради 10 000 илјади мигранти кои веќе се наоѓаат по грчките острови. Според друго издание - „Катимерини“, само за неколку дена на грчките острови дневно пристигнале по 80-85 човекот.

Медиумите наведуваат уште дека властите во Атина сакаат нови прифатни центри и во исто време се жалат дека постапката за прераспределба на бегалците се врши многу бавно.

Претходно државното координативно тело за справување со бегалската криза објави дека во земјата се регистрирани вкупно 57 047 бегалци. Од нив 9919 лица се наоѓаат на островите во источниот дел на Егејското Море, каде во центрите за сместување има 7450 места.

Слично

Поврзани вести