Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА ПРЕБУКИРАНА-Се издаваат и собите на хигиеничарките!

ГРЦИЈА ПРЕБУКИРАНА-Се издаваат и собите на хигиеничарките!

Ако дури сега одлучувате каде ќе одите на летување, на поволни цени не треба да сметате, а посебно не дека ќе најдете сместување таму каде што сакате.

Туристички, од немирите во Турција најмногу би можеле да профитираат Грција, Италија, Шпанија и Бугарија. Овие земји веќе бележат поголем број на туристи, иако ниту една од нив, ако се земе предвид односот на цената и квалитетот, не може да и парира на Турција.

Кој на време си го плати аранжманот, не треба да се грижи.

„Во Грција нема никакви промени-закупивме многу порано“, велат од туристичките агенции.

„Генерално, сите го задржаа она што го ветија. Проблемот со Турција е што тие гости не сакаат да летуваат во Грција. Тоа е друг вид на клиентела“, велат пак балканските тур оператори.

Од една белградска туристичка агенција пак наведуваат дека вонпансионската потрошувачка не поскапела.

За разлика од тоа, како што додаваат, хотелите и апартманите станале „изгор“ за гостите кои сместување бараат сами, бидејќи Грција е пребукирана.

„Почнале да ги издаваат и собите на хигиеничарките“, велат од некои агенции и им препорачуваат на туристите да не одат сами во Грција. Како шо велат, доста луѓе спијат на плажите во Грција или плаќаат прескап смештај.

Слично

Поврзани вести