Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците прават сателит, ќе се штитат од пирати!

Грците прават сателит, ќе се штитат од пирати!

Со специјален сателит ќе се заштитуваат грчките бродови од пиратски напади ширум светот, пренесува весникот Етнос.Сателитот кој е произведен во Грција, треба да лансиран идното лето.

Сателитот, „Ламбсат“ го изработуваат десет грчки научници, кои работат на универзитети, ширум светот. Проектот вреден сто илјади долари, а средствата ќе се собираат преку донации.

Како што пренесува Етнос, сателитот ќе ја обиколува Земјата и во реално време ќе дава информации за локацијата на сите грчки трговски бродови, како и за нивното движење што е многу важно поради редовната закана од пиратски напади, особено во африканското крајбрежје.

Последниот инцидент со грчки брод се случи на почетокот на октомври минатата година покрај Брегот на Слоновата Коска кога танкерот „Орфеј“ беше преземен од пирати, кои испумпаа 32 тони бензин од него.

Само во 2011 година пиратите нападнале 163 бродови и заробиле 470 морнари, од кои 15 се убиени, покажуваат податоците на Европскиот парламент, а само за откупи, пиратите заработиле над 150 милиони долари.
Слично

Поврзани вести