Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција потпиша меморандум за приватизацијата на аеродром Елиникон

Грција потпиша меморандум за приватизацијата на аеродром Елиникон

Грчката влада потпиша меморандум за разбирање со инвестициската група, предводена од „Lamda Development“, за приватизацијата на стариот атински аеродром Елиникон.

Договорот се очекуваше со интерес, бидејќи беше меѓу условите поставени од меѓународните кредитори на земјата, за да може да започне постапката за исплата на транша од 7,5 милијарди евра по третиот спасувачки пакет, соопштуваат грчките весници денес, цитирани од агенциите.

Потписите под конечниот договор ќе биде ставени во следните месеци.

Меморандумот предвидува промени во првичниот план на инвестициската група која обезбедила финансирање од Дубаи и Кина.

Договорот предвидува продажба на 100 проценти од акциите на компанијата, во чија сопственост ќе биде стариот аеродром Елиникон.

Новите надградби вклучуваат значително зголемување на вкупната инвестиција. Атина се надева износот да да изнесува 8 милијарди евра.

Независно од потпишаниот меморандум владата во Атина се уште не ги исполнила останатите барања на доверителите.

80 проценти од инвестицијата за Елиникон се очекува да биде остварена во текот на 12 години, а не на 15, како предвидуваше првичниот договор за оваа зделка.

Проектот за стариот аеродром Елиникон предвидува изградба на најголемиот во Европа градски парк. Реализацијата ќе обезбеди илјадници работни места, велат грчки владини извори.

Минатата година Грција потпиша договор со меѓународните кредитори во рамките на третиот спасувачки пакет финансиска помош, што предвидува приходите од приватизацијата да изнесуваат 50 милијарди евра, кои ќе бидат вклучени во новиот фонд за приватизација.

Според овој договор половина од овие средства се предвидува да бидат употребени за економскиот развој, а другата половина - за отплата на државниот долг.

Слично

Поврзани вести