Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА: Потона чамец со бегалци, 11 мртви – меѓу нив 5 деца!

ГРЦИЈА: Потона чамец со бегалци, 11 мртви – меѓу нив 5 деца!

Грчките власти соопштија денеска дека најмалку 11 лица загинале , а 13 се водат како исчезнати откако во Егејското море потонал чамец со околу 50 бегалци.

Меѓу загинатите се пет деца, четири мажи и две жени, а нивната националност засега не е позната.

Крајбрежната стража на Грција наведува дека од чамецот се спасени 26 лица, како и дека до несреќата дошло рано утрово кога дрвен чамец со бегалци кој тргнал до Турција, потонал во близина на грчкиот остров Фармакониси.

Грција е прва членка на ЕУ во која бегалците и економските мигранти влегуваат на својот пат кон западна Европа.

Слично

Поврзани вести