Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција подготвува итен план за справување со засилениот бегалски бран од Турција

Грција подготвува итен план за справување со засилениот бегалски бран од Турција

Грција подготвува итен план за справување со евентуалното зголемување на бегалскиот поток кон земјата од Турција, јавуваат грчките медиуми.

Премиерот на нашиот сосед Алексис Ципрас планира да го прекине одморот и да одржи средби со некои од министрите во текот на викендите.

Според весникот "Та неа" министерот за миграциони прашања Јанис Муза и министерот за одбрана Димитрис Вицас ќе работат на планот.

Според официјалните грчки податоци миграциските текови од Турција кон грчките острови се зголемија по неуспешниот обид за преврат во Турција. Ова се потврдува и од последните податоци на Меѓународната агенција за миграција.

Се очекува Ципрас да ги предупреди лидерите на ЕУ дека Атина нема да биде во можност да се справи со силно зголемување на бегалските текови од Турција.

Грчките медиуми јавуваат дека Атина се плаши од евентуален колапс на договорот меѓу Брисел и Анкара за бегалци и бара начин да се подготви за развојот на такво сценарио.

Грчката влада официјално тврди дека никогаш не бараше за план Б на договорот со Турција.

Засега се знае дека во планот ќе бидат вклучени мерки за итно преместување на дел од бегалците на островите во копното на Грција.

Во меѓувреме Албанија изрази загриженост поради зголемувањето на илегалниот миграционен проток на грчко-албанската граница. Во средата (10-ти август) албанската полиција уапсила 26 авганистански бегалци, од кои 18 - малолетни лица.

Властите во Тирана го испитуваат сценарио за организирани групи за трговија со луѓе во Грција, Албанија и Црна Гора.

Слично

Поврзани вести