Грција подготвува амнестија за капиталот во Швајцарија
Владата на Грција подготвува закон за доброволно обелоденување на информациите за банкарските сметки на грчките граѓани во Швајцарија и плаќањето на данокот врз нив, соопштија министерот за финансии Јанис Варуфакис и министерот за борба против корупцијата Панајотис Николудис.
Соодветното соопштение двајцата го објавија по преговорите со делегацијата на швајцарското министерство за финансии, предводено од заменик-министерот за меѓународни прашања Жак де Ватевил.
Според новите правила даночните измамници ќе платат парична казна и данок на скриените суми, но нема да бидат тужени за тоа.
Група анархисти денеска го гаѓаа со шишиња во еден атински ресторан Варуфакис и морала жена му Дана да го прикрива со своето тело, соопшти министерството за финансии.
„Им реков дека сакам да ги сослушнам што имаат да ми кажат покрај веројатноста да бидам удрен. По 15-тина минути напорни разговори, но без насилство, страстите се смирија“, ја опишал ситуацијата министерот.
