Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција под лупа на меѓународните кредитори, се чекаат нови 6 милијарди евра

Грција под лупа на меѓународните кредитори, се чекаат нови 6 милијарди евра

Во Атина на 25 февруари треба да допатуваат претставниците на тројката меѓународни кредитори на Грција од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.Тројката треба да и ја даде првата оценка годинава за исполнувањето на антикризната програма на грчката Влада.

Според весникот Вима, нејзиното одобрување треба да дозволи доделување на транша од 6 милијарди евра на Грција во второто тримесечје на 2013 година, од кои 4,2 милијарди од ЕУ и 1,8 милијарди од ММФ.

Раководителите на екипите на трите институции ќе останат во грчкиот главен град до крајот на март, до кога ќе треба да договорат продолжување на финансирањето на Грција.

Кон средината на декември Грција ги доби замрзнатите од минатото лето финансиски средства во висина од 34 милијарди евра. Овие средства се од вториот спасувачки пакет на земјата, за кои владата во Атина се обврза за забрзано реализирање на поставените услови од Тројката.

Во рамките на меѓународната спасувачка помош минатиот месец беше одобрена и финансиска инекција во вредност од 9,2 милијарди евра, а до март Грција треба да добие уште 14,8 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести