Грција почнува да ги пренесува бегалците од островите
Две третини од 18 000 мигранти, кои се наоѓаат на островот Лезбос, ќе бидат префрлени во следните пет дена на копнена земја.
Тоа го изјавил грчкиот министер за миграција Јанис Музалас.
За државната телевизија „ЕРТ 1“ Музалас соопштил дека веќе се вклучени и дополнителни бродови, а дел од бродовите ќе се користат како привремени прифатни центри.
Секој ден од Турција на островот Лезбос пристигнуваат по околу 1.000 лица, каде остануваат по неколку дена, додека бидат регистрирани.
Привремената влада во Атина објави дека миграциската криза ќе ја гледа како свој главен приоритет.
Слично
