Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција побара од ЕУ уште 700 милиони евра за бегалците, Полска ги отфрла квотите

Грција побара од ЕУ уште 700 милиони евра за бегалците, Полска ги отфрла квотите

Грција побара од Европската унија околу 700 милиони евра, потребни се за изградба на инфраструктура за шелтер на стотиците бегалци и мигранти кои пристигнуваат по крајбрежјето на земјата секој ден, пренесува „Reuters“. Истовремено полските власти изјавиле дека ќе се спротистават на произволно одредување на квоти од Брисел која земја колку бегалци да прифати.

Службената влада има намера да организира нов координативен центар и да ги подобри условите во постоечките кампови за бегалци.

Грчкиот министер за економија Никос Христодулидис изјавил дека Атина очекува да ги добие средствата од европските фондови наменети за справување со кризата. Според неговите зборови, „минималната сума, која ја бара Грција е 400 милиони евра од Фондот за бегалци и уште 300 милиони од фондот за сиромашните, за да се справи со итната потреба од инфраструктура“.

Заменик-претседателот на ЕК, Франц Тимерманс и еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос се во Атина на преговори со грчките власти. Во петокот тие ќе се сретнат со претставници на грчката полиција и крајбрежната стража на островот Кос.

Полска е подготвена да преговара за квотата за бегалци, но не сака да и се дефинираат произволни квоти, изјавила премиерката на Полска. „Едно решение кое не ги зема предвид можностите на државата, може да се покаже контрапродуктивно. Затоа се противиме на произволните квоти, но сме подготвени да преговараме за нашата посветеност на доброволна основа, истакнала Копач, цитирана од светските агенции.

Според неа Полска не бега од одговорност и ја одржува европската солидарност. Досега полските државници се мотивирани за одбивањето да ја прифатат бегалската квота на ЕУ.

Слично

Поврзани вести