Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција отпушта стари работници за да вработи млади сили

Грција отпушта стари работници за да вработи млади сили
Владата во Грција се подготвува да отпушти 15.000 работници, со цел на нивното место да дојдат млади сили. Отпуштањето на 15.000 работници во јавниот сектор до крајот на годината е дел од договорот, кој грчките власти го постигнаа со меѓународните кредитори. Исто така, е дел од контроверзниот пакет економски реформи на кои инсистираа претставниците од „тројката“. Причината за отпуштањето на работниците, кои ги наведоа кредиторите, е нивната неефикасност, распространетата корупција и критиките за приватниот сектор. Во овој сектор, имено, стапката на невработеност е рекордно зголемена, а јавните службеници досега поминуваа речиси без промени. -Секогаш ме изненадува тоа што во земја со толку висока стапка на невработеност меѓу младите, в моментов повисока од 60 проценти, каде што илјадници и илјадници образовани млади луѓе се во очајничка потрага за работа, оваа тема секогаш била табу. Многу сум задоволен што владата на Грција сега е подготвена да направи чекор напред“, изјави Пол Томсон, шефот на мисијата на ММФ во Грција. Сепак поради оваа одлука на грчката Влада денеска во земјата штрајкуваат државните службеници кои  нема да работат од 12 часот до крајот на работниот ден

Протестот е организиран од Федерацијата на државните службеници, планиран е и протестен митинг на државните службеници во центарот на Атина.

Слично

Поврзани вести