Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција останува една од најскапите туристички дестинации

Грција останува една од најскапите туристички дестинации

И покрај кризата Грција останува една од најскапите туристички дестинации во екот на сезоната, соопштува весникот Les Echos.

Според сајтот HomeToGo.fr кој ги споредува понудите за сместување во туристичките места, земјите од Јужна Европа остануваат поскапи од источните соседи.

Врз основа на речиси 1 милион понуди од 26 европски држави сајтот ја проценува Грција како најскапата земја за летен одмор. За една недела на едно 4-члена фамилија и требаат 910 евра за сместување, покажуваат податоците.

Специјалисти објаснуваат дека високите цени не се изненадување, бидејќи Грција отсекогаш била скапа дестинација во екот на туристичката сезона. Ова се должи и на видот на понудените сместување, кои се претежно луксузни вили. Експертите нагласуваат дека понудите за мали станови во Грција се малубројни.

Слично

Поврзани вести