Грција очекува наплив на руски туристи годинава
Над еден милион руски туристи очекуваат грчките хотелиери и угостители годинава. Како што пренесуваат грчките медиуми, соред податоците изнесени на руско-грчкиот туристички форум, што вчера се оддржа во Атина, а на кој учестуваа 48 туристички агенции од Русија, бројот на посетители од Русија можеше да биде и поголем доколку Грција не беше дел од Шенген просторот.
Во 2012 година Грција беше посетена од 875.000 руски туристи, кои остварија 9,6 милиони ноќевања. Според податоците на учесниците, секој Русин потрошил просечно по 1.085 евра за патувањето, а секој ден трошел по околу 98 евра.
Руските туроператори побарале слободен пристап до грчката амбасада во Москва, а не преку посредништво на постојните 16 приватни визни центри. Посредувањето секоја виза ја поскапува меѓу 15 и 20 евра.
Податоците на Централната банка покажуваат дека во минатата година странските туристи во Грција потрошиле 10,024 милијарди евра, што е за 5% помалку во споредба со 2011 година. Во текот на конкретниот период е регистрирано намалување за 7% на ноќевањата на странските туристи. Минатата година Грција ја посетиле 15,5 милиони странци, што е за 6% помалку од 2011 година
Слично
