Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција обвинета за „сериозно занемарување“ на обврските од Шенген границата

Грција обвинета за „сериозно занемарување“ на обврските од Шенген границата

Грција „сериозно ги занемарува“ обврските по границата кон Шенген зоната и може да биде подложена на нов граничен контрола од другите членки, ако не ги реши проблемите за 3 месеци, објави Европската комисија.

„Нацртот заклучува дека Грција сериозно ги занемарува своите обврски и дека има сериозни пропусти во спроведувањето на надворешната гранична контрола, кои мора да бидат надминати од грчките власти“, изјави заменик-претседателот на ЕК Валдис Домбровскис.

Заклучокот на Комисијата, дискутиран на неделната средба на еврокомесарите денес наутро, е клучен чекор кон продолжување на привремената гранична контрола, воведена од некои членки на Шенгенот по внатрешни граници на зоната.

Ако Грција не ги исполнува своите обврски во рамките на Шенген, земјите-членки на ЕУ ќе добијат право да ги затвораат своите граници, изјави на прес-конференцијата Домбровскис.

Слично

Поврзани вести