Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција нуди храна, засолниште и образование за децата бегалци без придружба

Грција нуди храна, засолниште и образование за децата бегалци без придружба

Грција за децата бегалци кои се без придружба ќе обезбеди храна, засолниште и образование.

Овие услуги ќе можат да ги користат зависно од тоа колку време ќе останат во Грција, и тоа во станбени објекти во Солун и Серес.

Ова ќе се реализира на иницијатива на алтернативната министерка за социјална солидарност, Теано Фотиу. Програмата ќе започне да се спроведува веднаш и ќе трае шест месеци, со можност да се продолжи и во наредните шест месеци.

Министерството за труд потпишало меморандум со СОС Детските села и Центарот за социјални работи на грчката област Централна Македонија. Таму ќе обезбедат хумани услови за згрижување на 40 деца чии барања за сместување се во постапка.

Децата бегалци ќе престојуваат во хостели обезбедени од Центарот, а селата ќе придонесат преку донација од нивниот меѓународен синдикат за сите плати и придонеси потребни за персоналот на хостелите.

Слично

Поврзани вести