Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција наскоро ќе го представи пакетот реформи за кредитна помош

Грција наскоро ќе го представи пакетот реформи за кредитна помош

Грција наскоро ќе ги предложи реформите на европските партнери за да ги добие веднаш парите кои им се неопходни, изјавил денеска во Атина грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

„На 9-ти март ќе го представам пакетот со шест реформи, а со нашите партнери ќе разговарам како да се примени (исплатата на парите) веднаш по примањето“ изјавил Варуфакис за грчката телевизија „Стар“.

Грција и Европската унија се договорија минатата недела дека за четири месеци ќе биде продолжена кредитната помош на Грција.

Меѓутоа европските партнери на Грција порано најавиле дека кредитната помош од седум милијарди евра нема да биде одобрена пред април, кога ќе се оценува степенот до кој новата влада спроведува ветените реформи.

Шефот на еврогрупата Јероен Дијселблум и порача во понеделникот на Грција дека брзо мора да ги спроведува реформите и им сугерирал дека исплатата на помошта на кредитот ќе е во текот на март.

Слично

Поврзани вести