ГРЦИЈА НА НОЗЕ: Целосна блокада и штрајк поради мерките на штедење!
Во Грција нема да има летови на домашните линии, бродовите ќе останат на пристаништата, а јавните служби ќе бидат затворени, поради штрајкот против мерките за штедење.
Грците не се задоволни со мерките на штедење кои меѓународните кредитори ги бараат во замена за нов пакет на помош.
Во болниците ќе работат само итните служби, а некои државни училишта ќе бидат затворени, бидејќи наставниците и учениците, доктори, новинари и вработени во сообраќајните служби ќе му се приклучат на првиот голем штрајк оваа година, на кој се повикани и најголемите грчки приватни и синдикати на јавниот сектор.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/business/status/664700930122768385/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Штрајкот ќе биде прв тест за премиерот Алексис Ципрас, кој дојде на власт во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на мерките за штедење, а потоа прифатил непопуларни услови за трет пакет на помош, под закана за излез на Грција од еврозоната.
Ципрас после неколку месеци повторно е изберен, со овластување да спроведе договор, но со сериозни тешкотии да ги ублажи неговите последици, пренесе Ројтерс.
