Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција на ММФ му исплати рата од 186 милиони евра

Грција на ММФ му исплати рата од  186 милиони евра
Во моменти когa Грција преговара за да добие трет спасувачки пакет од кредиторите, таа го враќа својот долг кон ММФ. Таа навремено му исплати рата на фондот од 186,3 милиони евра. „Грција ги плати трошоците по основ на каматата кои во четврток достигнаа наплата во висина од 186,3 милиони евра“, се наведува во соопштението од ММФ. Државата на фондот треба да му исплати уште 22 милијарди евра, a следната рата од 307 милиони евра треба да ја исплати на 1 -ви септември. Инаку, на крајот од јуни Грција го пропушти рокот на исплата на рата од кредитот кон ММФ, по што Фондот реагираше со замрзнување на пристапот на државата до своите средства и ги стопира финансиските програми наменети за Грција.  
Слично

Поврзани вести